Изгледа дека нашот претседател ја одбра својата страна во конфликтот помеѓу Русија и Украина!
Екипата на Кооперација го сретна претседателот во моментот кога се враќаше од средба со висок преставник на владата на Република Бугарија, а во краткиот период што го имавме тој делуваше видно воодушевен од говорите на Владимир Путин.
Го прашавме што смета за ситуацијата со Украина и Русија, а неговиот одговор беше следниот:
"Еј дечко се брзам. Имав средба со еден министер од Бугарија, а сега ќе одам и со нивниот премиер да се видам. Значи прееска бугарсков министер ми кажуваше зошто е добро што земји како Бугарија и Грција се мешаат во Северна, а ја бев ептен импресиониран, исто како да го слушам Мендела. На враќање, извадив телефон и видов што кажал Путин за Украина и зошто е добро што Русија се меша во внатрешната политика на Украина. Исто како да го слушам министерот од Бугарија, а аналогно на тоа... исто како да го слушам Мендела! Баш треба и со Румен Радев да се видам, а нешто ми вели дека и тој ќе ми кажува зошто ова што ни го прават Грција и Бугарија е добро. Богами, баш е добро да се видат што е можно повеќе луѓе инспирирани од зборовите на Нелсон Мандела."
Пробавме да го прашаме господинот Пендаровски дали знае кој е Нелсон Мендела, ама тој не успеа да ни одговори бидејќи се брзаше кон неговата следна средба.