logo

# Сатира

Пендаровски: Да бев претседател на Украина ќе ја напуштев државата

насловна слика

Претседалот на Нашата Земја е збунет од ситуацијата што се случува во Украина периодов. Вели дека во војната нема ништо добро, но ако нешто е утешително, тоа е дека тој во моментов не се наоѓа во Украина, туку во друга отепана земја.

 

Според Пендаровски, ситуацијата во Украина е толку лоша, што тој ако беше претседател на Украина дефинитивно ќе ја напуштеше државата. Воедно, претседателот на Нашата Земја се чуди зошто претседателот на Ненашата Земја се уште ја нема напуштено државата.

 

"Многу мразам конфликти. Мразам и цајкани кога ме запираат исто. Мразам земји што се дупки. Како нашава. Еве гледам и Украина е во иста ситуација. Јас би се отселил од Украина ако бев претседател деновиве. Не знам ни зошто овој на Украина уопште и се замара таму. Се знае, фаќаш авион за Германија и се вработуваш таму, солидна плата имаат, нема зашто да се замараш у дупката таму. Украина... ма ајде..." - одговори Стево Пендаровски на прашање за моменталната ситуација во Украина.

 

 

 

 

Коментари


Остави коментар