logo

# Сатира

Пендаровски: Ако граѓаните зимава немаат за јадење, јас и првата дама ќе држиме строга диета

насловна слика

Откако пред само неколку дена застана на страна на граѓаните со најавата дека во случај скопјани да останат без парно ќе нареди исклучување на греењето во вилата на Водно, претседателот Пендаровски повторно се солидаризираше со својот народ и вети дека ќе започне строга диета доколку зимава државата ги остави граѓаните без храна.

 

- Ако нема храна, ќе наредам послугата во вилата на Водно да спрема само 2 оброци на ден. Не може ние да се луксузираме додека некој гладува! И сигурен сум дека иако прегладнети, граѓаните ќе бидат пресреќни што претседателот ја дели нивната судбина. Ако ништо друго, барем таа помисла ќе им ја нахрани душата. – изјави Пендаровски.

 

За сега не се знае за која диетална програма ќе се одлучат претседателот и првата дама, но од неговиот кабинет нѐ информираа дека ќе биде објавен тендер за избор на нутриционист, кој ќе има задача да ја осмисли диетата.

Коментари


Остави коментар