Во деновите кога светот е на работ на војна помеѓу Украина и Русија, екипата на Кооперација ја пронајде светлината во мракот.
Станува збор за отворено писмо на Павле Богоевски до Украинската влада, а се надеваме дека ова емотивно писмо ќе ги предомисли политичарите на Украина и конечно ќе престанат со својот национализам.
Внимавајте, писмото е премногу емотивно, интелигентно и моќно и не веруваме дека ќе останете рамнодушни на овие зборови од страна на Павле Богоевски. Писмото е постирано во неговата оригинална форма. Уживајте.
"Влада на Република Украина.
Би го започнал ова писмо нарекувајќи ве "почитувани", но тоа само ќе биде лага, а јас сум човек кој не сака да лаже.
Во моментов немам ниту една трошка почит за вас.
Но имам огромна почит за граѓаните на вашата земја, кои цврсто се борат против вашиот режим.
Браќа Украинци. Веќе еднаш излеговте на масовни протести. Ве охрабрувам тоа да го направите и сега.
Токму вашите протести ме инспирираа и мене да излезам да се борам на улица против една корумпирана влада. А секако, и вашата моментална влада е слична како и нашата поранешна влада.
Со национализам пробува да го купи вашиот молк. Исто како и нашата поранешна влада.
Со заплашување дека "некој од странство и мисли лошо на земјава и ќе ја нападне во секој момент!" пробува да го купи вашиот мир. Исто како и нашата поранешна влада. Тие не заплашуваа со Сорос, а вашите ве заплашуваат со Путин.
Пробуваат да ви кажат дека "nema leb vo stranstvo batec, samo u zemjava ima kjar, tie stranskite politicari ne vi mislat dobro" исто како и нашата поранешна влада. Тие велеа дека ЕУ не е решение за нас, а вашите велат дека Русија не е решение за власт.
До кога ќе го трпите овој режим? До кога, граѓани на Украина?
А вие непочитувани политичари од владата на Република Украина. Престанете да се држите како слеп за стап за Крим. Престанете со "KRIM NE GO DAVAME!!!", очајни сте. Имаше и кај нас едни вакви политичари што нешто не даваа. Тие паднаа и дел од нив завршија во затвор. Истото ќе ви се случи и на вас.
Престанете да се расправате за тоа дали жителите на Крим се Руси или Украинци. Тие се сиромашни.
А Крим нема да им ги нахрани децата.
Подобро да го дадете Крим на Русија отколку ваши граѓани да умираат. Направете некаков договор. Откажете се од национализмот. Престанете со "krim ne go davame!" и почнете да размислувате прогресивно. Напредно. Интелигентно. Сфатете дека иднината лежи во сојуз со други држави. За нас тоа ќе биде ЕУ. За вас тоа ќе биде Русија. Запамтете, пред илјадници години не постоеле нации нити континенти. Крим не бил отсекогаш ваш. Зошто да не го дадете на Русија? Претходно не бил ваш и се било во ред. Исто ќе биде и сега.
Ве молам, престанете со национализмот, не-драги господа и госпоѓи од владата на Република Украина.
Би протестирал пред вашата амбасада во нашата земја, но за жал во моментов протестирам пред домто на Шкодране Дардишта, протест кој веќе долги месеци трае.
Никогаш нема да престанам со протестирање против национализмот.
НАЦИОНАЛИЗМОТ МОРА ДА ПАДНЕ!
Без нималку почит,
Павле Богоевски."