logo

# Сатира

Павле Богоевски: НЕ ПОТПАЃАЈТЕ КОН ЛАГИТЕ ЗА ДОГОВОРОТ!!!

насловна слика

Конечно!!!

 

Павле Богоевски денеска напиша фејсбук статус во кој вели дека не е вистина дека СДСМ ќе потпише договор со соседната земја!

 

"ЛАГА Е! НЕМА СДСМ ДА ПОТПИШЕ НИКАКОВ ДОГОВОР СО СОСЕДНАТА ЗЕМЈА! ВМРОВЦИТЕ ВЕ ЛАЖАТ! НЕ ПОТПАЃАЈТЕ КОН ЛАГИ ЗА НЕКАКОВ СИ ДОГОВОР!!! ЌЕ СИ ЛЕЖАТ! НЕМА ДВОЈАЗИЧНОСТ! НЕМА ДВОЈАЗИЧНИ УНИФОРМИ! НЕМА ДВОЈАЗИЧНИ БАНКНОТИ! НЕМА ПРОМЕНА НА ИМЕ! НЕМА ДА СЕ ПОТПИШЕ ДОГОВОР СО ГРЦИЈА ЗА СМЕНА НА ИМЕТО!!! ЌЕ СИ ЛЕЖИ НИКОЛА ГРУЕВСКИ!!!!!!!!" - гласеше статусот на Павле Богоевски.


Веднаш под статусот тој пиша:

 

"Дечки, извинете, интернетот ми е спор, дури сега се постирал статусов од 2016.  Извинете, ќе го избришам сега. Игнорирајте го ова. Прочитајте ми го другиот статус во кој велам дека договорот со Бугарија е супер и дека ве лажат од ВМРО или кој и да ве лаже. Не потпаѓајте под лаги!" 

 

Коментари


Остави коментар