Откако оваа година нашиот настап на Евровизија заврши неславно, многу луѓе уште од сега се со своите погледи кон Италија каде во 2022 ќе се одржи ова музичко натпреварување.
Еден од луѓето кои што сакаат да ја претставуваат земјава на ова натпреварување е и познатиот... ам... познатиот.... човек кој е познат - Павле Богоевски.
"Сакам да ја претставувам вашата земја на Евровизија. Да бидам на белиот тепих..овај, црвениот тепих де. Па потоа и во белата соб...овај..не е бела, ама се сфаќаме. Па едвај чекам да пеам песни пред Евровизија со сите белосветски фанови. Да пеам "Бела чао" или "Бело е се" од Ламбе. А можеби и Бела Хадид ќе ја запознаам. Муабетот ми е, зошто само да праќаме пејачи на Евровизија, ајде да бидеме прогресивни, може да пратиме и некој политичар." - изјави Богоевски, кој немаше одговор на прашањето "А чек, ти си политичар демек?"