logo

# Сатира

Патриотскиот СДСМ контра Џамбаски! "МАКЕДОНИЈА НЕ Е БУГАРСКА! ...грчка е"

насловна слика

Кој вели дека нема разум и свесност за нивната работа во СДСМ? 

 

Социјал Демократскиот Сојуз на [избришано од редакција] црвсто згрме по контроверзната изјава на Бугарскиот политичар Џамбаски кој кажа "Македонија е Бугарска, тоа е еден народ!"

 

Подолу, изјавата на членството на СДСМ!

 

"НИЕ СМЕ ЗГРОЗЕНИ! ОВА Е ФАШИЗАМ, ШИЗОФРЕНИЈА И БЛАТАНТНА ЛАГА! МАКЕДОНИЈА Е БУГАРСКА? ДАЛИ ЏАМБАСКИ ВО ЗДРАВ РАЗУМ КАЖАЛ ДЕКА МАКЕДОНИЈА Е БУГАРСКА?!?!?

 

Ние отсекогаш ќе ги браниме наше земјестите интереси и поради тоа мораме да кажеме дека оваа изјава е ноторна лага.

 

МАКЕДОНИЈА НЕ Е  БУГАРСКА!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

 

Грчка е.

А Северна Македонија? Не знам, можда е Бугарска? Не знам, ќе видиме, има време, да не избрзуваме"

Коментари


Остави коментар