Една од опозициските партии во државава најавува протести! Имено, екипата на Кооперација дознава дека откако тие успешнно блокираа мал дел од улиците во Скопје, тие ова лето планираат со уште посериозна герила акција да ги нападнат соседните држави на Република Македонија.
Ни помалку ни повеќе, како акт на патриотизам и борба против неправдата - членовите на ВМРО-ДПМНЕ планираат да ги окупираат и блокираат плажите во Грција и Бугарија!!!
"ОВАА НЕПРАВДА МОРА ДА ПРЕСТАНЕ! Што ќе правиме драги жители? Ќе седиме ли туку така? Или ќе пробаме да блокираме? И не, нема да го блокираме Скопје! Ќе бидеме храбри! Ќе ја блокираме Бугарија, а ќе ја блокираме и Грција! Планираме во Јули, од 7 часот наутро па се до 17 часот попладне да ги запоседнеме плажите на овие две земји и лежејќи на сонцето, со помош на крема за сончање, пар крпи и еден голем чадор да штрајкуваме против неправдите! Овој одмо... пардон, протест, ќе трае помеѓу 15 и 30 денови и очекуваме да има сериозен ефект! Еве, докажуваме на дело!!! Ги повикуваме и сите граѓани да ни се придружат!" - изјави Мицкоски во прес на партијата.