Во време кога ни оспоруваат и име и презиме и јазик и историја и лого на ФФМ - еден Македонец е тука да направи надреално патриотски чин!!!
Имено, човекот со иницијали М.С. доаѓа од Драчево и има 44 години. Тој, после поразот на Македонија од Австрија на ЕП во фудбал вети дека до крајот на животот нема да изеде ниту една т.н. "бечка шницла"
"Ма на што ќе видат они!!! НИКАД ВЕЌЕ НЕ ИМ ЈАДАМ ОД ТИЕ БЕЧКИТЕ ШНИЦЛИ! НИКАД ВИШЕ НЕМА НИ ДА ИМ СТАПНАМ ВО ВИЕНА!! ТОА МОЦАРТ КУГЛИЦИТЕ??? НААА ШТО ЌЕ ИМ ГИ ЈАДАМ! Само ајвар и ракија бајо мој! И ништо друго! Ќе видат они Австријците со кого се зафркаваат!!!" - изјави господинот кој до сега во својот живот никогаш не бил во Австрија нити пак некогаш јадел Виенска шницла или Моцарт куглици.