Патетично! Триесет и пет годишниот С.К. од Скопје се зарази со вирусот КОВИД-19, речиси една година откако сите престанаа да се грижат за луѓето што се заразени со коронавирусот.
Овој целосен лузер во овие моменти сосема заслужено не добива никаква поддршка од најблиските во својата борба со вирусот, а голем дел од неговите пријатели почнуваат да се сомнева дека тој лаже дека го има вирусот само за да не оди на работа.
"Да, да, се сомневам дека лаже. Мислам ајде, како е возможно некој да се зарази со вирус за кој никој не збори на ТВ? Сите знаеме дека вирусот е само опасен ако се збори за него на ТВ. Ако не... ок е, нема шанса да умре... така? Мислам така функционираше ова." - изјави еден од пријателите на гореспоменатиот господин.
И неговиот шеф на работа е со сличен став: "Лузер. Глупак. Патетичен идиот. Само лаже за да не оди на работа. Фатил КОВИД? Сега? На оваа економија??? А бе кажи нешто друго, барем да ти верувам на лагата. Еве, кажи си фатил пушка дека ќе се бориш во Украина, барем ќе ти поверував така. Ама КОВИД??? Сериозно? Кој се замара со тоа бе?"
Господинот С.К. вели дека неговото здравје е навистина лошо и дека стравува по својот живот.
"Имам лош природен имунитет и се сомневам дека КОВИД ќе ме докрајчи. И да преживеам, мислам дека мојот респираторен систем нема да биде ист после ова. Еве сум, лежам во болница, се лечам и се борам против оваа лоша болест. Понекогаш мислам дека сум оставен сам против оваа болест. Моите родители не ми веруваат дека може да фатам КОВИД бидејќи не се збори за него на ТВ. Моите пријатели мислат дека лажам. Еве, ако ви се верува, отидов кај мојот матичен лекар да се пожалам, а тој ми кажа дека не разговара за стари теми и дека во моментов не го интересира КОВИД, туку најновиот фејсбук статус на Апасиев? Мислам дека е малку смешно да се верува дека одреден вирус е опасен само ако се збори на ТВ за него. Се борам за својот живот против оваа смртоносна болес.... господине новинар, дали вие ми се смеете? Дали мислите дека никој не починал од КОВИД само поради тоа што не се збори на телевизи... господине новинар, ако сте тука за да ми се смеете, може слободно да ја напуштете болницава!" - изјави патетичниот лузер во разговор со нашиот новинар.
Што друго да се каже освен тоа дека некои луѓе се толку патетични за внимание што ќе направат се. Ха, имал КОВИД... што е следно, имал став за предлогот на ЕУ за проблемот со Бугарија??? Забегано и заоастанато, нема што.