Денеска до нашата редакција стигна писмо од "Партија што поддржува мешање во уставноста на туѓи земји"
Искрено, прв пат слушаме дека имало партија со вакво име во земјава, ама ете, да пренесеме!
"Почитувани жители.
Ние сме "Партија што поддржува мешање во уставноста на туѓи земји" и нашата идеологија е едноставна. Сакаме што е можно повеќе туѓи земји да се мешаат во уставноста на нашата земја.
Арно ама, бидејќи ова е демократија, во нашиот систем постојат и други партии.
Ние сметаме дека тие други партии, добиваат пари од туѓи земји.
И тоа туѓи земји што се мешаат во уставноста на нивните соседи.
Ние сме згрозени од ова! Баш праевме муабет со други земји и ни кажаа дека ќе ни платат пари за да правиме тоа што ќе ни кажат, а воедно и да се бориме против другиве партии што се платени од земји што поддржуват мешање во туѓи земји.
Со почит.
Партија што поддржува мешање во уставноста на туѓи земји."
Екипата на Кооперација нема појма што се дешава, ама ете, битно пренесовме тоа што требаше.