logo

# Сатира

Партиите во домовите на граѓаните: Браварите тријат раце

насловна слика

Добри вести за браварите, агенциите за обезбедување и осигурителните компании!

За неверојатни 1000% скокна продажбата на аларми, брави, физичко обезбедување и полиси за осигурување од кражби, само неколку дена откако партиите најавија дека планираат да ги посетат домовите на сите граѓани.

Експертите велат дека растот може да продолжи доколку дојде до одложување на предвремените избори, што ќе значи нови посети на политичарите, но и нови трошоци за граѓаните за обезбедување на домовите. 

Тие истакнаа дека за ова најзаслужни се партиите, кои со својата работа станале движечка реклама за овие индустрии, а ваквите кампањи многу помагаат за подигање на свеста кај граѓаните за заштита на своите домови од крадци и криминалци.

Коментари


Остави коментар