logo

# Сатира

Папата кон Пендаровски: Сакав да се молам за Израел и Палестина, ама ај, кога инсистираш ќе се молам за фудбал

насловна слика

Откако претседателот на државата - Стево Пендаровски, побара од папата да се моли за успех на нашата фудбалска репрезентација на престојното Европско Првенство, папата Франциск му возврати со зборовите:

 

"Еееј пер, кај сеа најде бе... значи хаос се дешава на светата земја... Израел и Палестина војуваат.... па баш планирав да се молам за нив и да се смират страстите таму и да не умираат луѓе.... ама ајде, кога ме праша, ајде, ќе се молам за Европсково, па овие израелциве и палестинциве може да почекаат уште некое време хаах. Ај, за тебе, да не кажеш после ваков сум таков сум хаха"

Коментари


Остави коментар