logo

# Сатира

Папата: ДЕЧКИ, ИЗВИНЕТЕ, НЕ ЗНАЕВ ЗА КОЈ ДРЕС ДА СЕ МОЛАМ!

насловна слика

Многу луѓе се појавија со свое мислење за мечот Македонија-Австрија, а меѓу нив беше и еден од најмоќните и најрелигозно освестени и свети луѓе во светот.

Освен Зоран Заев, со свое мислење се упати и Папата Франциск.

 

"Дечки, моја грешка. Се молев за Македонија. Го држев дресот и се молев... и ми се јави визија... ЦРВЕНИОТ ДРЕС ЌЕ ПОБЕДИ! И така ептен среќен легнав да спијам, знаејќи дека ќе победи дресот што го држев во раката...

 

АРНО АМА!


Испадна дека вие сте го смениле дресот и сте ми дале дрес со кој Македонија не ни игра на ЕП!


И после тоа.... ИСПАДНА ДЕКА ВИЕ СТЕ ИГРАЛЕ ВО БЕЛИ ДРЕСОВИ!?!

 

Па нормално дека Австрија ќе победи кога се молев за црвен дрес...

 

Дај не зафркавајте, давајте ми правилни совети во иднина, да знам за што да се молам.
 

Еве, сега. следен меч играте со Украина.

Да знаете, ќе се молам за земја што има проблеми со соседите, се бори за својата независност и покрај територијалните и историски претензии на соседот, имаше дрес што беше ептен контроверзен за ЕП па еден сосед се бунеше да се сменило нешто. Ќе се молам за земјата која пред пар години имаше некоја со "Обоена револуција" така да... се надевам сега нема да утнам и баш земјата за која што ќе се молам ќе победи!" - кажа Папата во Skype интервју за нашиот вебсајт, а неговата конекција се угасна пред да му објасниме дека овој опис важи и за Украина и за Република Македонија.

Коментари


Остави коментар