Кој вели дека ништо добро нема да излезе од протестите(/митинзите) на една од топ 50 најголеми партии во земјава?!?
Имено, вечерва падна запросување на протестот на ВМРО-ДПМНЕ, вест која беше дочекана со огормни аплаузи.
Еден од присутните на протестот во еден момент клекна на едно колено
Му биле одврзани патиките па си ги заврзи.
Само триесетина минути подоцна, настана и запросувањето.
Младиот дечко со зборовите "Знам дека СДСМ би побарале да преговараме за нашето минато, но јас сакам да преговараме за нашата иднина. Дали ќе се омажиш за мене? Дали ќе станеш моја сопруга? Дали ќе го земеш моето презиме?"
Најпрвин, девојката првично беше збунета и не знаеше што да одговори.
Настана и мини конфликт кога дел од пријателите на девојката почнаа да скандираат "НИКОГАШ НЕГОВО - САМО МОМИНСКО!!!" како одговор на прашањето за земањето на презимето на потенцијалниот младоженец, но сепак, се заврши во најдобар ред кога девојката со солзи радосници кажа "Секој има право да оформи свое мислење, глупаво е да се кажува "Да" или "Не", битно е да се разгледа ситуацијата од секој агол, а не само да се оформи миселење дали нешто е добро или лошо."
Среќниот пар се гушна, се бакнаа, а позитивната и заљубената атмосфера продолжи и после протестот.