logo

# Сатира

ПАДНА ДОГОВОР СО БУГАРИЈА! ТИ, ШТО ГО ЧИТАШ ОВА СИ БУГАР!!!

насловна слика

Конечно! Се реши најголемиот проблем! Сега само моменти не делат од добивање на датум за почеток на преговори за тоа кога ќе добиеме датум за поечток на преговори за почеток на преговори за влез во Унијата што автоматски те прави среќен, богат, сакан и со 10 сантиметри поголем пенис од моменталниот!


Имено, Владо Бучковски после долги преговори дојде до заклучок дека ти - читателот на оваа статија си Бугарин!

 

Да, добро прочитавте. Денеска, беше решено дека само ти, човеку што го читаш ова и апсолутно никој друг од земјав не е Бугарин!

 

"А бе види... тешко беше. Ама мораше некако да решиме. Еве бе, што? Човекот што ја чита статијава да не ќе ти ги нахрани децата? Не? Затоа, пиши го таму Бугар. Што ќар имам ја од него? Седи по цел ден дома, јаде, спие, сере и моча по цел ден. Ништо посебно. Работи нешто од време на време... и тоа е тоа. Да не ќе го запамти некој по илјада години? Не? Е па? Зашто да не го пишеме Бугар? Што има врска, еве и ја и жената се пишавме Бугари. Европска Унија е тоа, не е шала, Унија што автоматски те прави среќен, богат, сакан и со 10 сантиметри поголем пенис од моменталниот! Ја за ЕУ би го дал и животот. Буквално на улица ќе направам харикири ако тоа значи  влез во гореспоменатата перфектна унија. Ама еве, среќа ми кажаа од Бугарија ќе се задоволат само и ако пишеме дека човекот што го чита ова е Бугарин." - изјави Бучковски за нашиот сајт.

Коментари


Остави коментар