logo

# Сатира

ПАДНА ДОГОВОР: Груевски ќе биде кандидат од СДСМ на следните претседателски избори

насловна слика

Тоа што не успеа да го направи ниту Преспанскиот договор, ниту Ковид кризата, ниту Францускиот предлог, ниту пак десетици други случувања после кои партиите најавуваа обединување за добро на државата, го направи амнестијата, која после години гледање низ нишан, успеа да ги спои старите крвни непријатели - СДСМ и Никола Груевски.

 

Имено, од извори блиски до преговарачите дознаваме дека во текот на преговорите двете страни сфатиле дека се создадени еден за друг и толку многу се зближиле, што договориле Груевски да биде кандидат за претседател од СДСМ на следните избори. 

 

- Преговорите ни тргнаа толку добро што покрај амнестија, договоривме и поддршка за господинот Груевски за следните претседателски избори. Време е да се помириме и да ги оставиме меѓусебните разлики за наше, партиско добро. Има човекот рејтинг, греота е да му пропаѓа во туѓина и никој да не го искористи. - изјавија од СДСМ.

 

За да ја потврди оваа информација, Кооперација се обиде да стапи во контакт и со господинот Груевски, меѓутоа неговата секретарка ни соопшти дека пред само неколку минути, тој тргнал кон аеродромот во Будимпешта, качен на бел коњ.

Коментари


Остави коментар