logo

# Сатира

Пациентите кои умираат од Ковид-19 се посреќни од останатите

насловна слика
Истражување спроведено од „Брима Галуп“ покажа дека испитаниците кои починале од Ковид-19 се значително посреќни од останатите. На прашањето дали се задоволни од фактот дека официјално се заведени како починати од Ковид-19, иако имале уште неколку хронични болести, 73,6 % од испитаниците изјавиле дека се задоволни, 11, 4 %  изјавиле дека повеќе би сакале да починат од рак, 8,2 % изјавиле дека повеќе би сакале да починат од сида, 5,3 % изјавиле дека би сакале да починат од дијабетес, додека 2,5 % повеќе би преферирале да се починати од некоја друга болест. Дури 87,6 % од испитаниците кои се заведени дека починале од некоја друга болест која не е Ковид-19, изјавиле дека се тажни поради тој факт и дека би биле значително посреќни доколку причината за нивната смрт би била Ковид-19. Ова истражување е уште едно охрабрување до медицинските работници да евидентираат што поголем број на пациенти како починати од Ковид-19.

Коментари


Остави коментар