logo

# Сатира

Пациент кој ја примил крвта на Заев си го променил името

насловна слика

Миливоје Цветковски од Горно Коњаре е човекот што денес, за време на хируршка интервенција во Клиничкиот центар, ја прими крвта која премиерот Зоран Заев ја даруваше денес и само неколку минути потоа поднел барање за промена на името. 

 

Неговата сопруга за Кооперација објасни дека тој со години имал билатерален спор со комшијата со исто име и за една буква различно презиме, Миливоје Цветкоски, кој поради ова над 20 години одбивал да им дозволи да пробијат пат до нивната куќа сместена во ќор-сокак и го блокирал нивниот напредок кон урбаниот дел од селото. 

 

- Не знам што му стана наеднаш. Само се разбуди од анестезијата и ја побара личната карта! Ја зеде, ја искрши на парчиња и ми рече: "Од денес сум Боривоје"...и веднаш заспа. После тоа, отидов во МВР и му ги поднесов сите документи за промена на име. - изјави неговата сопруга. 

 

Како што дознаваме, по поднесувањето на барањето неговиот комшија го омекнал ставот околу долгогодишниот спор, меѓутоа еден од другите комшии, отворил нов спор, овојпат за историјата на семејното презиме на Боривоје. 

Коментари

qKePZPfUXljWGUGGucUSODTNOOjntQGuiQ2CjKTT

ГлупостГлупо


Остави коментар