На ден пред веста што ќе Македонија ја исчекува со нетрпение небаре е свадбата на Касандра и Ранду - екипата на Кооперација дознава што е големото изненадување што ќе го соопшти Али Ахмети!
Тој ќе проба да ги спои Агнеса и Орданоски и да ги врати во среќните брачни води!
"Јас сум голем љубоволик. Олик. Охолик..Олик...Хооооооооолик. Љубоволик... ој нонен, тешко ми е Х да кажам, се надевам ме сфаќате. Зависник од љубов. Обожавам љубов. Слободно можам да кажам и дека љубам љубов. Се што сум направил во животот е од љубов. Утре ако станам премиер ќе воведам сите луѓе да ги плаќаат во љубов наместо во пари. Љубовта мене ми е се. И срцето ми се крши кога гледам млади луѓе како Агнеса и Орданоски да бидат така раскарани. Затоа, јас со моите дечки од партија ќе организираме некоја "Све за љубав" тип на емисија каде што ќе пробаме да ги смириме. Ете, пробав да ја скријам тајната, но беше посилно од мене. Се надевам дека ќе успеам во целта! - изјави Ахмети.
Се надеваме и ние, Али. Се надеваме и ние.