Конечно! Откривме зошто ненадејно, лидерот на државата (не, не тој. не, не е ни тој. не, не е ни тој. не бе, не е ни тој. не. ни тој. не. Заев! Да, да, тој!) вчера си даде оставка од својата позиција!
Спортските фанови ќе приметат дека оваа оставка доаѓа само една недела откако Роналд Куман беше отпуштен како тренер на ФК Барселона, а според најновите информации, ФК Барселона била навистина заинтересирана за услугите на Зоран Заев!
"Сметаме дека лидерските способности на Зоран Заев го надминуваат неговиот недостаток на спортско знаење. Не дека блескавме со Куман. Можевме да бидеме конзервативни и да одбереме човек со исксутво како фудалски менаџер, но сепак решивме да го направиме овој потег бидејќи Зоран Заев има искуство со менаџирање на катастрофални ситуации. Ја внесе Македонија во ЕУ, зошто да не може да не внесе и нас во финалето на Лигата на Шампионите?" - изјави претседалот на клубот во интервју за Кооперација.
Пробавме да му објасниме дека Заев не внесол никаква држава во ЕУ, но претседателот на ФК Барселона ни врати со "E ako ne pa Ronald Kuman da go vratime?!?!"