Долга е раката на Јао Минг, а богами и долга е раката на Владимир Путин!
Ова првото не е толку чудно бидејќи Јао Минг е стварно висок човек, ама како е возможно ниозок човек како Путин да има долга рака?
Како и да е...
Екипата на Кооперација реши да истражува.
Дали ти, драг читателу се сеќаваш на таа една женска што ја свиѓаше у средно? Дали ти текнува кога и пријде и ја праша дали сакате да отидете на состанок, а таа те одби? И нели малку ти дојде чудно, како тоа ти, ваков, сладок, симпатичен, згоден да бидеш одбиен?
Е па... што ако таа девојка е платеник на Путин???
Што ако Путин, плаќа девојки да одбиваат згодни момци како тебе, а потоа тие момци да бидат бесни, огорчени, налутени и желни за борба против системот и владата???
Дали е ова тактиката на Путин за дестабилизација на владата???
Пративме писмо до амбасадата на Русија во земјава, а од таму не добивме одговор.
Потоа, му пишавме на Путин, а и тој не не удостои со одговор.
Тоа што тие одбиваат да се соочат со вакви прашања не тера да помислиме дека оваа теорија можеби е вистина.
Секако, не тврдиме дека ова е факт, но логиката не' тера да помислиме на ова.
Ќе ве оставиме сами да си ги склопите коцките, драги читатели.