Есклузивно! Екипата на Кооперација ги дознава плановите на Венко Филипче ден откако ја понуди својата оставка.
Имено, тој ќе се врати на своето хоби од пред една година - да прави мемиња со папагали.
Филипче, познат уживател на твитер мемиња, кој во слободно време е доктор, министер, симпатија на Лиде Лиде, но пред се човек ни најави дека сепак помалку стресна работа е правењето на мемиња од тоа да се замара за морална одговорност или здравје.
"Ќе си праам мемиња. Некој папагал како повтара некои зборови напраив лани одма го сруши интернетот. Бољи и од Бетмен и Васиљ сум! Мислам дека нема леб у ова да си министер, ќе продолжам со мемињата. Не е многу, ама барем е искрена работа.
Хаха, ви текиња? Дека ова исто така е меме? Хаха, глеате, ме бива!" - изјави Филипче