logo

# Сатира

ОТКРИВAМЕ! Што велат Катица, Ленче и Фатиме за предлогот на Франција??

насловна слика

Екипат на Кооперација реши да направи сериозно новинарство и реши да ги праша трите дами од Специјалното Јавно Обвинителство за нивното мислење за францускиот предлог.

 

Прашавме наоколу неколку граѓани за помош бидејќи не знаевме каде се наоѓаат овие специјални обвинителки, но изгледа како ниту еден човек да не знаеше за што збориме.

 

"Уууф... три жени некои бараш? Не знам, ја само со две сум бил у животов, не ги знам овие.." - ни изјави еден граѓанин.


Друг пак со дерење ни порача "ТИ СИ ВМРОВЕЦ ОД ЛЕВИЦА ШТО НАВИВА ЗА КИНА И РУСИЈА КОПИЛЕ ГНАСНО ЕДНО!!! ПАТОРОТ ЌЕ ПАДНЕ!!!", без притоа да ни даде било каков одговор.

 

Запрашавме стотици граѓани, но ниту еден не делуваше како да памети нешто што се викало "СЈО".


Чудно, изгледа сме се збуниле и никогаш не ни постоело.

 

Коментари


Остави коментар