Формула 1 патеката, која според ексклузивните документи до кои дојде истражувачкиот тим на Кооперација наскоро ќе почне да се гради во близина на струмичкото село Муртино, е тајната локација на која ќе биде поставен противвоздушниот систем за одбрана кој вчера го најави министерката Славјанка Петровска.
Како што може да се види од документите, Владата се консултирала со повеќе експерти кои препорачале системот да се постави во близина на најважниот капитален проект во земјава, па новата патека за Формула 1 била изгласана скоро едногласно, пред автопатот Охрид-Кичево, Коридорот 8 и споменикот на УЧК во Слупчане.
Она што и понатаму се држи во тајност е стартот на изградбата на овие два проекти, кои по сѐ изгледа ќе се градат паралелно, па кога ќе биде готова, трката Grand Prix Murtino ќе стане најдобро обезбедената Формула 1 патека на светот, што само по себе е огромен успех.
Нека е аирлија!