Екипата на Кооперација.мк после напорно истражување и извршување на детални статистички операции, успеа да дојде до листата на петте најбогати македонци!
Поради почитување на нивната приватност, истите ќе ги објавиме само со нивните иницијали.
Ж.К. - Своето богатство го има добиено после редовно уплаќање на тикети на спортска. Вели дека редовно уплаќа Лацио ГГ3+ и на нив го должи своето богатство
Л.Б. - Своето богатство го има стекнато преку скенирање на фискални сметки. Го препорачува овој метод на збогатување и на други граѓани
Ф.Е. - Еднаш на сон му се јавил Свети Петар и му кажал кои топчиња ќе ги држи Марјана таа вечер (на лото)
Ѕ.С. - Работи напорно, има конкретни цели, позитивен став, богати родители и пет членски книшки
Њ.Љ. - Има голи слики од познат политчар и го уценува еднаш на пар месеци