logo

# Сатира

ОТКРИВАМЕ! Груевски ќе одговара!!!

насловна слика

Конечно! Неколку години откако ја напушти државата и одби да се соочи со правдата, Никола Груевски ќе одговара!

 

Имено, во директен контакт со господинот Груевски, екипата на Кооперација доби одговор на прашањето "Дали Груевски ќе одговара?"


Еве што тој ни одговори:

 

"Здраво Кооперација. Најпрвин да ви посакам добар ден, се надевам времето во вашата земја е исто како и во мојата земја. А сега да се префрлам на вашето прашање. Да. Вистина е, јас ќе одговарам. За новата фирма што ја отворив во Унгарија ќе имам и Фејсбук и можам гордо да кажам дека јас ќе бидам админ на истата. Ќе одговарам на сите прашања од типот на "Cena???", "Cena imbox vi pisav zasto ne kazuvate?", "Popust za mali deca ima???", "Zhenatata i e rodenden dali mozhe edno besplatno?" и се останато. Ќе одговарам на сите прашања поврзани со мојот нов бизнис. И на фејсбук и на инстаграм. 

 

Ви благодарам за поставеното прашање."

Коментари


Остави коментар