logo

# Сатира

ОТКРИВАМЕ! 100% ФАКТ! КОЈ Е ВИНОВЕН ЗА ПОЖАРОТ ВО ТЕТОВО!!!!

насловна слика

Конечно! Денови откако започна истрагата за пожарот во Тетово, откриваме која е личноста што е најмногу виновна за ситуацијата!

 

"Види батец. Се знае кој е крив. Тие што не гласаа на избори.  Тие се криви. Не гласаат на избори и после сакаат у нормална држава да живеат? Што се однесува до мене, сите што не гласаа на избори треба у затвор да одат. Венко? Шо обврска има Венко бе? Тодоров? Заев? Грујо? Мицко? Апасиев? Шо кур бе, кој фактор се тие. Го знаеш Митко од Гевгелија? Не го знаеш? Е, ја го знам. Не гласаше на последниве избори. Он е крив. Он! Замисли Митко да  гласаше кај ќе беше сеа државава??? Знаеш ли? Ехее... 

 

Тие што не гласаа. Сите тие у затвор. И да се напраи една поголема зграда за политичариве да ги славиме како богови. Они заслужуваат пошто редовно гласаат. А не Митко, Перо, Јана, Стојанка и Петар да ми глумат некои јаки фаци што не гласаат. НА ПЛОШТАД ТРЕБА ДА СЕ ОБЕСАТ! ОНИ СЕ КРИВИ! Ги знаеш? Не... и бољи... негласачи... идиоти..." - во интервју за Кооперација ни кажа еден човек што не работи на случајот за пожарот во Тетово и најверојатно нема поим за што збори.

 

Најверојатно е грешка и сепак се уште не знаеме кој е виновен за пожарот.

 

... а можеби и не е бе... од кај знаеш, можда стварно Венко и Тодоров се цареви, а тие што не гласаа ќе бидат обесени на плоштад?

Коментари


Остави коментар