Лоши вести за сите филмофили што се надеваа на македонски филм што ќе сруши рекорди исто како и "Тома". Имено, биографскиот филм за Александар Маленко насловен "Маленко Велики" сепак нема да ја види светлината на денот.
Причината за откажувањето на филмот е тоа што режисерот не успеал да најде доволен број на актерки што би ги глумеле поранешните сопруги на нашиот пливач.
"А бе видете, ова е филм со голем буџет. Има многу луѓе што работат на него. Пробавме сите да најдеме некои актерки по театри по јутјуб видеа, по филмови по све... ама џабе. Едноставно Маленко бил со толку многу жени во животот што не успеавме да најдеме доволен број на актерки за филмот. Штета. Една од опциите беше да ги викнеме актерите од Хихирику да глумат жени слично како што тоа го направија со "Балкан бенд", ама и таа идеа брзо пропадна. Штета." - изјави режисерот на овој филм.