НОВ ПРЕСВРТ ВО БОРБАТА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ!!!
Според најновите анкети, последниот прес на Зоран Заев навистина ги смени очекуваните резултати од вториот круг! Откако тој најави дека Злото се обединува да и наштети на .... нашата земја, граѓаните решија да ги сменат своите ставови! Откако 50% од гласачите сака да гласаат за Данела, а 50% од гласачите беа симпатиери на Шилегов, сега анкетите најавуваат целосен пресврт и дури 100% од гласачите велат дека ќе гласаат за Гандалф!!!
"Од прва сакав да гласам за човек што ќе се справува со проблеми во локалната самоуправа. Знаете, автобуси, базени, ова она, стандард... НО! Откако Зоран Заев на јави дека Злото се заканува... планирам да гласам за Гандалф. Тој има искуство со борење со злото. Тој е вистински човек на кој што може да му се верува! ГАНДАЛФ ЗА СКОПЈЕ! СКОПЈЕ ЗА ГАНДАЛФ!" - вели Фродо Багинсовски, еден од симпатизерите на Гандалф во интервју за нашиот сајт.