logo

# Сатира

Откако судот му потврди уште една казна затвор: Миле Јанакиески извади членска од ДУИ

насловна слика

Бившиот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој по пензионирањето од политиката стана посветен колекционер на затворски казни, денес ја збогати својата колекција со уште една трииполгодишна санкција, после која најави дека планира да го запостави ова свое хоби и да се насочи кон својата прва љубов - екологијата.

 

За да ја оствари оваа своја желба, тој веднаш по потврдувањето на пресудата за предметот „Титаник“, во кој единствен од обвинетите доби затворска казна, се упати кон тетовска Мала Речица со цел да извади членска книшка од ДУИ и официјално да стане еколог.

 

- Некои ќе речат дека ова го правам за да свое добро, но тие што добро ме познаваат знаат дека екологијата е моја пасија уште од мали нозе и дека се' што правам е за добро на природата. Искрено се надевам дека оваа моја одлука значително ќе го намали лежењето...оваај...загадувањето. - изјави Јанакиески.  

 

За крај тој се пофали дека првиот ден со новите сопартијци-еколози го поминал во добро расположение, затоа што многу од нив ги познава од порано и знае дека нивната љубов кон зелената боја е повеќе од искрена.

Коментари


Остави коментар