logo

# Сатира

Откако стана министер: Ристо Пенов очекува 2003 да биде најдобра година до сега за земјава!

насловна слика

Неколку денови откако стана министер за локална самоуправа, Ристо Пенов објави дека е огромен оптимист за својата нова работа и дека очекува само успеси во следната година.

 

"Многу луѓе се сомневаат во моите способности и се чудат зошто ја прифатив оваа работа. Но јас ќе оставам моите дела да говорат за мене. Очекувам 2003 да биде година полна со предизвици, но сметам дека добро ќе се снајдам. Баш прееска праев муабет со газдата на ЖРК Кометал Ѓорче Петров - Трифун Костовски и тој ми посака се најдобро во мојата нова авантура. Верувајте ми, ќе бидам во чекор со времето и ќе си ја завршам работата најдобро што можам. 2003 ќе биде моја година!" - изјави Ристо Пенов по што се упати кон локалната трафика да си побара сим картичка од Мобимак.

 

 

Коментари


Остави коментар