logo

# Сатира

Откако снема струја во ГТЦ: Скопјани спонтано започнаа со гушкање на ГТЦ!

насловна слика

Можеби снема струја во ГТЦ, но тоа не значи дека струјата е единствен начин на затополување!

 

Илјадници граѓани на главниот град спонтано започнаа со гушкање на ГТЦ во потег што многумина го нарекуваат генијален и клучен за трговскиот центар оваа зима.

 

"Видете, видов на вести дека немало да има струја во ГТЦ. Бев видно потресен и веднаш се упатив во ГТЦ. Мислев дека ќе бидам единствен таму. Сепак, не бев!!! Моите пријатели гушачи од пред неколку години веќе беа стигнати пред мене и решија со гушкање да го затоплат ГТЦ! Им се извинив што доцнам со гушкањето и им се придружив. Ќе останеме да го гушкаме ГТЦ додека не се врати струјата!" - изјави еден од граѓаните што го гушкаа овој трговски центар.

 

Неколку од граѓаните гласно скандираа "Долу влада! Не ни се верува дека некои пред 5-6 години мислеа дека ние го гушкавме ГТЦ за политички поени, тоа го правиме бидејќи навистина ни е гајле за овој трговски центар, дали вие стварно мислевте дека сме искористени за политички потреби и дека нема пака да се собереме?" во потег што авторот на овој текст би го орактеризирал како "А бе ептен долго беше ова за скандирање, требаше нешто пократко да одберете."

 

Сепак, добро е да се види љубовта на граѓаните за ГТЦ. 

 

ГТЦ пред политика!!!


 

Коментари


Остави коментар