Мирољуб С., од скопско Белимбегово, е затворскиот чувар, кој денес собра храброст и излезе пред јавноста за да признае дека на неименуван затвореник му платил 10 000€ за да го научи да краде, но откако и после 5 години предавања не забележал никаков напредок во своето знаење, решил да му даде отказ на професорот и да го продолжи своето образование во една од големите партии.
- Секој може да се излаже. Ете јас наивен, помислив дека ако си осуден крадец мора да те бива за крадење. Ама откако се зачленив во партија сфатив дека не било така. Па само со едно одење во штаб научив повеќе од 5 години редовни предавања од наводниот професор по крадење. Затоа сега си ги барам парите назад. - изјави чуварот Мирољуб.
Тој не сакаше да ни открие точно во која партија се зачленил, иако пред да избере, добро ги проучил сите и заклучил дека отприлика нудат слични услови за надградба на овој занает, па се решил за онаа чиј штаб е најблиску до неговиотд ом.