Откако си даде оставка од позицијата директор при "Фондот за иновации и останати начини на перење пари", познатиот автор, пејач, политичар, ПР бог, но пред се човек - Коста Петров објави дека е влезен во длабока депресија.
Причината за ова е неговата моментална невработеност, факт што сериозно го има вознемирено господинот Петров.
Сепак, тој вели дека не би требало да се чувствува депресивно долго време, бидејќи веднаш има спремно план за тоа како да се справи со тагата!
Имено, тој ќе започне со читање на своите книги за самопомош.
"Има ли подобар начин за третирање на депресија од читање на моите книги? Не знам, до сега немам чуено. Не е лесно да си невработен, иако многу би рекле да работиш ПР во СДСМ е исто како да си невработен. Но сепак, седењето пред компјутер и неправење на ништо продуктивно овој пат ме погоди посериозно од било кога во последните неколку години! Забележав повеќе депресивни епизоди, нешто што решив да го средам со најефективното средство што го знам - моите книги! Ако ова не помогне, нема ништо!" - изјави Коста Петров.