logo

# Сатира

Откако не стана зелена престолнина: Скопје ќе аплицира за наградата Сива европска престолнина

насловна слика

Неуспехот да влезе во финалето за наградата „Зелена европска престолнина“ не го обесхрабри раководството на град Скопје да продолжи да аплицира на конкурси кои на никој начин не го подобруваат квалитетот на животот на жителите на главниот град.

 

Така, на иницијатива на шефот на кабинетот на градоначалникот Шилегов, градот влегува во трка за титулата „Сива европска престолнина“, награда што се доделува на престолнината со највеќе исечени дрва, најзагаден воздух и најмногу жители со респираторни болести.

 

Конкурсот за наградата ќе биде распишан во септември, но според експертите од областа на сивилото, град Скопје нема сериозна конкуренција и затоа тие бараат таа веднаш да му биде доделена со цел да може да се користи во кампањата за локалните избори.

Коментари

halSC6eosVFf5MQeOqPhof2MZ1EM0xC2B7FaOWmu

многу интелигентен потез на градскиот татко..... и нормално екипа позади него, мајка, брат, вујна, братучед ( сите со по некоја ситна фирмичка , тендерски фокусирана).....


Остави коментар