logo

# Сатира

Откако му „застаре“ мандатот: Бучковски се враќа во селото на Штрумфовите

насловна слика

Почетокот на мандатот на новата влада донесе крај на мандатот на специјалниот преговарач со Бугарија, Владо Бучковски, кој сега повторно се враќа на својата првобитна функција, како волшебник во селото на Штрумфовите, познат под името Гаргамел.

 

Тој во кратката изјава за Кооперација рече дека е пресреќен што повторно ќе добие шанса да ги уништи, изеде или да ги претвори во злато Штрумфовите и е сигурен дека овој пат ниту еден нема да му избега.

 

Нашата редакција се обиде да ги контактира, но Штрумфовите не беа достапни за коментар бидејќи, според нашите извори, Гаргамел веднаш по враќањето го маѓепсал интернетот во селото и ги изолирал жителите од останатиот свет за полесно да ја заврши својата мисија.

 

До затворањето на текстот немаше реакции од меѓународната заедница, ниту пак од Хелсиншкиот комитет за штрумфовски права што значи дека Штрумфовите ќе бидат оставени сами на себе.

Коментари

FmR5PCt0lrzCLkTsplSl1jF9EhSjkUyePRz8XQRV

веројатно пуноглаецов( зајков заменик) ќе го прати до Корејски полуостров, да ги среди и таму работите, како и тука….

pttFPTAbfHt80vio057L1lhvQtHNGyvDPusIxQG5

мислиш празноглавецов

STxzsAT1W96P9DsbPSZGdaXlq4VsFiAYUjLFcMh1

така некако, хахаха


Остави коментар