logo

# Сатира

Откако јадат без леб: Трошоците за службени ручеци на функционерите пораснаа за 1000%

насловна слика

Можен крах на државниот буџет предвидуваат финансиските експерти откако после само два дена од исфрлање на лебот од исхраната на министрите, замениците, вицепремиерите, градоначалниците и другите функционери што се товат на службена картичка, нивните трошоци се зголемија за неверојатни 10 пати. 

 

И самите функционери се загрижени за драстичните износи што мораат да ги плаќаат за службен ручек, но уверуваат дека се целосно посветени на изнаоѓање на решение кое, и ќе ги нахрани нив, и ќе ги спаси финансииве на земјава.

 

Кооперација разговараше со еден тие функционери, кој не сакаше да го открие своето име за јавноста, туку само го откри своето омилено службено јадење.

 

- Кога имаше леб ја за ручек јадев два, два и пол бифтеци сила! Сега пет не ме најадуваат. А не можам да си дозволам да одам на состаноци од кои ни зависи иднината полугладен. Затоа или ќе го вратите лебот, или уште двајца-тројца како мене и отиде буџетот на бифтек. - изјави анонимниот господин Маричиќ.

 

И покрај црните прогнози, токму ваквото размислување на некој кој е дел од владината коалиција ја враќа надежта за подобро утре кај сите нас и не' инспирира да ги прескокнеме денешните оброци и да ги донираме на гладните господа од власта.

Крв да им се стори!

Коментари


Остави коментар