logo

# Сатира

Откако ја спаси Топлификација од странски раце: Чифлиганец ќе добие орден за патриотизмот

насловна слика

Нашиот најпознат филантроп, Ванчо Чифлиганец, кој само повремено се бави со бизнис за да може да ја финансира својата страст - хуманитарната работа, ќе биде одликуван со орден за посебни заслуги поради покажаната храброст и патриотизам при операцијата за спасување на Топлификација од странски раце.

 

- Битката беше тешка, но успеавме! Благодарност до сите мои соборци кои помогнаа ова да се случи и после се' само можам да кажам дека Топлификација веќе никогаш нема да ја гази странска чизма! Освен ако не понуди некој нааавистина добра цена, ама сега тоа не е тема на муабет. Она што е важно, е дека нема веќе странците да го собираа кајмакот од парното, туку сите ние, Чифлигановци. Затоа што колку ние имаме повеќе, толку ќе расте просечното богатство на обичниот човек. - рече хуманитарецот во соопштение со кое се заблагодари на признанието.

 

Покрај орденот, тој ќе добие боречка пензија која ќе изнесува 10 000 евра месчно и ќе има предност при аплицирање за државни тендери за да може и понатаму да продолжи со хуманото делување, но и да ги спасува поранешните државни компании од окупаторските канџи.

Коментари

neGsLUNcPjhwqOa2KnJTe1px54SIPqI4IPKEEYMG

дали е овој лик уапсен, и на колку е осуден?


Остави коментар