logo

# Сатира

ОТКАКО ГЛАВНА ТЕМА СТАНА УКРАИНА - Вучич ќе прати КОВИД во Македонија!

насловна слика

Претседателот на Република Србија продолжува со помош за нашата држава!


После пченицата, вакцините и пченката тој ќе извезе и КОВИД-19!


За овој успех пренесе и нашата влада која гордо изјави дека е презадоволна што Александар Вучиќ е тука секогаш кога ќе произлезе некаков проблем во земјава.

 

"Видов дека често зборувате за Украина и Русија на фејсбук и твитер. Некако како да заборавивте на КОВИД? Не се грижете, тука сум јас. Ќе ви пратам КОВИД-19 за да има за што да зборите. А веќе следниот месец ќе ви донесам еден камион со нови членови од Лев Тахор за пак да се разгори и таа тема. Не смеат да се заборават главните теми во земјава на сметка на Украина и Русија." - изјави Александар Вучиќ кој вели дека негови омилени дискусии меѓу Македонци е кога се разговара за Тома Здравковиќ или Новак Ѓоковиќ.

 

 

Коментари


Остави коментар