По голготата низ која помина за да ја докаже својата невиност и да си го откупи назад сето она што неправедно му беше одземено, господинот Сашко Мијалков конечно ја доби саканата сатисфакција за неправдата што му беше нанесена, откако со едногласна одлука на трите најголеми политички партиии во земјава беше предложен за нов врховен судија.
- Драго ни е што правдата победи и ова е најмалку што може да направиме после сите неправди што ги доживеа. Тој како лав се бореше за да ги победи лажните обвинувања и докажа дека доказите против него се само измислици. Затоа, сакаме јавно да му се извиниме и да побараме прошка. – се вели во заедничкото соопштение на жирито кое го номинираше.
Кооперација се обиде да стапи во контакт со најчесниот човек во земјава и да му честита на неговата нова професија, но сѐ до затворањето на веста тој не беше достапен на својот мобилен телефон.