Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од денеска ќе носи исклучиво маички со ликот на Че Гевара!
Овој моден потег доаѓа откако лидерот на ЛЕВИЦА - Димитар Апасиев се вклучи на парламентарното мнозинство предводено од страна на Христијан Мицкоски.
"Да. Чув за тој Че. Некој лик со долга коса и брада. Како Апасиев, а? Не знам ептен за него, само еден цитат имам прочитано од него - дека не влегувал во коалиции со партии што имаат дамка на себе. ...а, да! Исто така знам и дека ептен маички продава! Најдов пар маички со негов лик на пазарче, па си земав 3-4. Им кажав на луѓе у партијата да принтаат и маички со ликот на Апасиев. Мислам добро би се продавало тоа а? Сто посто!" - изјави Мицкоски во интервју за нашиот сајт.