Нов пресврт во генијалните идеи против кои никој нема никаков проблем!
Секако, тие доаѓаат од експертката за се - Мила Царовска, која сега го менува своето мислење!
Имено, Кооперација.мк дознава дека министерката наскоро стиснала на линк кој и стигнал во нејзиниот инбокс на фејсбук! Линкот наводно бил од Кока Кола и ветувал одредени награди за секој што ќе потполни неколку одговори.
Отпосле, министерката дознала дека ова е само вирус и не е вистинска наградна игра на Кока Кола.
"Видете, некако сфатив дека работите не се така едноставни. Дигитализацијата ќе си донесе проблеми. Ако јас успеав да се зафркнам онлајн, што правиме со другите, помалку интелигентни од мене? Ако можам јас да стиснам на вирус по грешка... страв ми е да помислам што би се случило ако целосно се дигитализира образованието! Обичниот линк ме натера да го сменам своето мислење за 360 степени!" - изјави Царовска.
Откако и објаснивме дека сака да каже "180 степени", а не 360 и дека нејзината реченица не е баш точна, таа кажа "Видете, тоа степени и други ствари... не требаат во вистинскиот живот, по новата програма нема да се учи за вакви глупости."