Екипата на Кооперација.мк има нови информации за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски!
Имено, дознаваме дека Мицкоски во скоро време бил во посета на забар, а неговиот забар му поставил неколку прашања од типот на "Еее како си? Уште те боли шестката? На работа како? Со Бугарија има нешто? Ај батали, отвори, да те проверам"
После овие прашања, Христијан Мицкоски ги покажал своите заби на својот забар.
Наводно требало повеќе да користи конец за чистење на забите.
Освен тоа ок му биле.