Понудената оставка е прифатена. Граѓаните имаат право да знаат дека нашите експерти интервенираа во лексиконот. Како што сите знаеме јазикот е жива материја, постојано е подложен на промени и дополнувања. Затоа, во овие критични денови време беше да се интервенира, односно ние на зборот оставка му го менуваме значењето согласно договорот што го направивме во една наша омилена кафеана заедно со лингвистичарите. Имено, од сега зборот оставка ќе го завземе значењето двојно продолжување на мандатот. Така да, слободно можам транспарентно да ги известам граѓаните дека понудената оставка на Филипче е прифатена, а самиот јас Заев ќе си поднесам оставка до себе, убаво ќе ја разгледам и на крајот најверојатно ќе ја потпишам. Сепак, за сѐ има решение!“ - рече видно возбудениот Заев и продолжи да бара зборови во лексиконот заедно со привилегираните лингвистичари.