Се уште не спласнуваат реакциите по оставката на Лиз Трас!
Откако таа како премиерка на Обединетото Кралство издржи помалку и од бракот на Калиопи со Васил Зафирчев, се повеќе луѓе даваат свои предлози за нов, трет премиер оваа година за Обединокралжаните.
Со свој предлог се јави и Бујар Османи, кој вели дека не гледа причина зошто Бесмира Ејупи да биде нова премиерка.
"А зошто да не биде Бесмира Ејупи? Искусна девојка е, знае како одат овие работи. Што, да не ќе биде полоша од Лиз Трас? Да не ќе биде полоша од Борис Џонсон? Британците се паметни, немаат проблем со жена премиерка, затоа и Лиз Трас си беше до сега. До душа, малце ми е чудно што до сега немале Албанец премиер, ама за се има прв пат. Псе јо?" - изјави Османи во разговор со нашиот сајт.
Ние искрено сме зад овој предлог и се надеваме ќе стане реалност!