logo

# Сатира

ОСМАНИ: Првпат слушам дека ДУИ прима донации и не сум среќен оти не добив ни денар од нив

насловна слика

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, пред неколку минути одржа уште една прес-конференција на која емотивно призна дека со години живеел во заблуда за финансиите на ДУИ и денес првпат слушнал дека покрај стандардното отуѓување на средства од државниот буџет, најзелената партија прима и донации, од кои тој не добил ниту денар.

 

- Најдговорно тврдам: бев убеден дека ДУИ се финансира само преку донации од буџетот, а не и од компании. Ова е вистински шок за мене и партијата ми должи многу објаснувања! Со години шетам од министерство до министерство за една бедна плата, а некој си собирал донации без да подели... Не ќе може така! – изјави министерот Османи.

 

Од ДУИ не сакаа да ги коментираат изјавите на нивниот министер, само кратко изјавија дека проблемот ќе го решат во четири очи, далеку од очите на јавноста, која и така нема никакво право да им се меша во делењето на партискиот плен.

Коментари

l4IQ41LD1lGaqb5QFm7YHqZYHmbnyAh28qYVWazd

добар фриз, тајна е кој е донатор и од која област се фоликулите


Остави коментар