logo

# Сатира

Oсмани: Не верувам во граници, знамиња или други измислени концепти!

насловна слика

Иако многумина денеска реагираа со потсмев на наводната грешка, сепак Бујар Осмсани е тука да ве потсети дека не треба да се избрзува со реакциите!

 

Имено, министерката за надворешни работи на Словенија, беше пречекана со знаме од Словачка, нешто што многумина помислија дека е ненамерна грешка.

 

Сепак, Бујар Османи го тврди спротивното.

 

"Не е грешка. Намерно е. Со тоа што ставивме погрешно знаме сакавме да ве потсетиме дека границите не се вистински. Знамињата не се вистински. Доста поделба на Словенци и Словаци. Сите сме исти. Сите сме луѓе. Денеска не разговарав со Словенка. Разговарав со жена од планетата земја. Знамињата само создаваат поделби. Еве, утре ќе се видам со преставник од САД, а наместо да ставам знаме од САД ќе ставам Руско знаме. Знамето не е битно, исто како и што ни беше речено во 1994 кога веќе еднаш го сменивме. Баталете го тој глупав начин на размислување. Ако баш ви значи, и името на министерката на Словенија го утнав. И името не е битно. Битно е што збориме, а не знамиња, имиња, граници или други измисици што само служат за поделби. Престанете да ми се смеете. Не сум неспособен што не разликува знамиња. Освестен сум!" - изјави Бујар Османи за нашиот сајт пред да се упати кон непознат правец каде што ни кажа дека ќе конзумира ајахуаска.

Коментари


Остави коментар