logo

# Сатира

ОСМАНИ: Не го објавивме протоколот пред потпишување оти знаевме дека немаше да го разберете

насловна слика

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во ексклузивна изјава за Кооперација веднаш по потпишувањето на протоколот со Бугарија, објасни зошто Владата одлучила да го прекрши даденото ветување и да не го објави документот пред тој да биде потпишан.

 

- Да бидеме реални, обичниот граѓанин нема капацитет да го сфати тоа што го потпишуваме. Плус потпишувањето се погоди во недела, а недела е ден за одмор, за семејството, за капење... И на сите тие обврски, уште да ги замараме луѓето со читање навистина не е во ред. Здравје, од утре, ќе видиме што како. – рече министерот Османи во краткиот разговор со нашиот репортер.

 

Како што дознаваме од извори блиски до фризерката на Бујар, за граѓаните подобро да го сфатат протоколот Владата веќе ангажирала голем број докажани експерти и им дала задача да ја упростат неговата содржина до тој степен што и премиерот Таче ќе може да ја разбере на прва.

Коментари

Ана

Hahaha ovoj epten go napravi narodot nepismeni i prost .ama odma dobija odgovor od ministerkata Gengoska jazikot nepostoi vo predlogot sto go potpisaa


Остави коментар