logo

# Сатира

Османи бара да ги внесеме Занзибар во Уставот

насловна слика

Министерот за надворешни работи, Бујар Осамни, вели дека не е проблем да ги внесеме Занзибар во нашиот устав. Иако тоа официјално не било побарано од страна на Занзибар, министерот Османи смета дека со овој гест значително ќе ја подобриме соработката со нашата братска држава Занзибар. Османи додава дека со ова, значително ќе придонесеме кон тоа граѓаните на Занзибар да се чувствуваат како слободни граѓани во Македонија.

„Граѓаните на Занзибар треба да се чувствуваат како апсолутно слободни граѓани кои може да се организираат како колективна заедница, и ќе ги имаат сите права, па ако треба и нивно споменување во Уставот“, вели Османи.

Коментари


Остави коментар